дома Македонија БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ ГО ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Со луѓето од Македонија имаме...

БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ ГО ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Со луѓето од Македонија имаме 1.300 години заеднички јазик и историја

Луѓето од Бугарија и Р.С. Македонија споделлуваат заеднички културен код, историја и јазик веќе 1.300 години. Затоа политичарите од обете страни имаат заедничка одговорност да бараат пристапи што не зближуваат, а не такви што нè делат, изјави денеска шефот на бугарската дрќжава, Румен Радев.

Радев вели дека бугарскиот став за европската интеграција на Република Северна Македонија е во интерес на историската вистина и спречувањето на меѓусоседските проблеми во заедничкото европско семејство.

„Идеологијата и манипулацијата со тоталитаризмот немаат место во обединета Европа“, рече Румен Радев.

Според претседателот, важно е условите за бугарска поддршка во секое поглавје на преговори однапоред да бидат јасни и затоа организираше консултативна средба на оваа тема. Тој очекува бугарската влада доследно да опстои на бугарската позиција.