дома Балкан БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ, МИЛИОНСКИ БИЗНИС ЗА КАРАКАЧАНОВ: Каракачанов заработил десетици милиони евра од...

БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ, МИЛИОНСКИ БИЗНИС ЗА КАРАКАЧАНОВ: Каракачанов заработил десетици милиони евра од незаконски пасоши за Македонци и Албанци

Францускиот „Нувел обсерватор“ напиша црно на бело: ВМРО е вмешано во криминална трговија со бугарските пасоши, а лидерот и неговото протеже во Агенцијата за Бугарите во туѓина, длабоко ја ставиле раката во бурето со мед. Како резултат на тоа, стотици Македонци и Албанци од Македонија и Косово незаконски станале жители на ЕУ, а во „црната каса“ на „Пиротска“ (седиштето на ВМРО на Кракачанов, н.з.) влегле десетици милиони евра, напиша на Фејбуск поранешниот пратеник и претседател на Движењето за радикална промена „Бугарска пролет“, Велизар Енчев – пишуваат бугарските медиуми, пренесе „Денешен“.

И наместо медиумите да грмат, Народното собрание да создаде анкетна комисија, а воениот министер да дава објаснувања во обвинителсвото, во Бугарија царува тишината. И никој не смее да го праша Красимир Каракачанов. Ова утро Виктор Николаев (новинар, н.з.) заборави да го праша европратеникот Ангел Џамбаски за публикацијата во француското издание. Да не зборувам за државните БНТ и БНР каде Каракачанов и неговата чета се постојани гости.

При тоа, објавеното од француските новинари не е новост за бугарскиот аудиториум. Уште пред четири години агенцијата БГНЕС ја изнесе истата информација, а во 2017 година сајтот Афера беше цензуриран од Централната изборна комисија заради објавување на овие откритија за време на парламентарните избори.

Имам сериозни сомненија и време е да ги кажам јавно: На „Пиротска“ е вгнездена мафија, која тргува не само со патриотската кауза, туку и со европското граѓанство. И Европа, како и кај нас полицијата, е беспомошна пред Красимир Каракачанов, кој е вицепремиер и министер на одбраната.

Време е ЕУ да разбере дека бугарската влада има организарана криминална група поради што Бугарија не може да влезе во Шенген групата. Додека членка на ЕУ е управувана од криминална група, која тргува со европските пасоши, нејзините граници се незаштитени, изјавил Енчев.