Бугapите ифpит, врачија пpoтecна нота: Отстранет споменик со бугарски натпис во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија врачи протестна нота на привремениот шеф на македонската амбасада, Владимир Крстевски поради утврден случај на замена на бугарски споменик сместен на територијата на југозападниот сосед, соопшти бугарското МНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на денешната средба во Министерството, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева го известила в.д. шефот на македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.

Исто така, откриено е дека е заменет оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик, отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This