дома Македонија Бугapија има нaционален конceнзус за Maкедонија: Спopeд бугapcките мeдиyми Maкедонија ќе добиe...

Бугapија има нaционален конceнзус за Maкедонија: Спopeд бугapcките мeдиyми Maкедонија ќе добиe вeтo

„Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската унија. Нашата земја ја крена темата високо на агендата на ЕУ за време на нејзиното претседателство со Европскиот совет во 2018 година“, се вели во соопштението на бугарската служба за информирање.

Но, во ставот, утврден на вчерашната владина седница, не се откриваат детали, освен позитивните заложби за европската перспектива на Западен Балкан, со оглед на тоа што вчера пред пратеницитевицепремиерот Красимир Каракачанов порача дека под актуелните околности Софија не може да даде согласност за одржување на првата меѓувладина конференција.

Бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за бугарската национална телевизија БНТ рече дека Македонија мора да одлучи дали ќе продолжи со идеологиите од минатато или ќе тргне кон демократската иднина.

Бугарскиот весник „Труд“ повикувајќи се на свои извори, пишува дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите, а меѓувладината конференција за Македонија откажана…