дома Балкан Бугapиja дoби нoвa пpивpeмeнa влaдa – eвe кoj ќe ja пpeдвoди

Бугapиja дoби нoвa пpивpeмeнa влaдa – eвe кoj ќe ja пpeдвoди

Бугарија доби нова техничка влада која ќе раководи со земјата до предвремените парламентарни избори во ноември.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев го назначи пензионираниот генерал Стефан Јанев (61) за привремен премиер.

Задачата на втората годинашна техничка влада во Бугарија ќе биде да организира предвремени парламентарни и редовни претседателски избори, закажани за 14-ти ноември.

Бугарите веќе двапати гласаа на парламентарните избори оваа година, но ниту еден обид на длабоко поделените партии да формираат влада не даде резултати.