Будимир, д-р Стефановиќ, Нина Фити меѓу новите функционери во ЦО на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата ракометарка Андријана Будимир, директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за пластилна хирургија Софија Пејкова… се дел од новите имиња на кандидати за членови на Централниот одбор на СДСМ, според информации на „360 степени“,

Тие ќе бидат избрани на функциите на 26-тиот партиски конгрес кој е во тек, откако се нашле на предлог-листата што ја поднесоа партискиот лидер Зоран Заев и досегашниот состав на Централниот и на Извршниот одбор.

Меѓу новите имиња, како што дознава „360 степени“ се и д-р. Ана Данева Марков, Нина Фити, Јована Тренчевска, Димитар Ковачевски…

Конгресот треба да изгласа и нови промени на партискиот Статут, така што се зголемува бројот на членови на ЦО – од 100 до 120 на од 110 до 130 члена. На таков начин, според објаснувањето, во иднина во ЦО би можеле да се кооптираат и други членови, покра 120 што ќе бидат избрани денеска. Една од причините за тоа, како што велат од партијата, е тоа што во изминатиот период се формирани повеќе нови општински организации – во Липково, Желино, Студеничани, Центар Жупа…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This