March 28, 2024, 10:07 pm

„Булдожерот од Бихаќка“ Миле Зечевиќ нов генсек на СДСМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Булдожерот“ на СДСМ, како што себеси се нарече Миле Зечевиќ, поранешен советник на премиерот Зоран Заев и поранешен директор на УБК е кандидат за нов генерален секретар на партијата, дознава 24 ИНФО од извори во партијата.

Новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски по преземањето на функцијата најави дека промени во раководството на СДСМ ќе има, но дека ќе останат и дел од актуелните функционери.

-Согласно со процедурите ќе имаме седница Централен одбор на која ќе ги информирам за разговорите со коалиционите партнери. Планирам да предложам неколку нови членови на ЦО и раководство на партијата кое ќе вклучува членови и на постојното, но и нови лица, изјави вчера Ковачевски.

Како што дознава 24 ИНФО, седницата на ЦО е предвидена за наредната недела, а смени ќе има на сите органи на партијата.

Според извори во партијата, Зечевиќ ќе го замени сегашниот генсек, Љупчо Николовски, а ќе има смени и кај потпретседателите. Вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче најверојатно ќе останат потпретседатели на СДСМ, додека министерите Оливер Спасовски и Мила Царовска ќе бидат заменети.

Извор 24 ИНФО

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This