March 29, 2024, 11:43 am

Бучковски: Ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската Влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски.

Во интервју за БНР, Бучковски рече дека тимовите на двете министерства за надворешни работи на Македонија и на Бугарија работат на формулациите и оти верува дека може да се најде решение.

-Верувам, и знам дека додека ние разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи – на Бугарија и на нашето, работат на формулациите коишто ќе покажат дека и без поддршка од кого било, макар што, во моментов го имаме претседателството на Германија, кое е голема поддршка, ние од Западниот Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина, вели Бучковски за БНР. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This