March 29, 2024, 12:58 pm

Бјелогрлиќ призна дека го извpшил делoто и се покaја – пpитвoрoт му е укинaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако ноќта ја помина во полициска станица, српскиот актер Драган Бјелогрлиќ утрово беше донесен во Обвинителство во Ниш, откако вчера го претепа својот колега, режисерот Предраг Антонијевиќ, пренесуваат медиумите во Србија.

По сослушувањето обвинителот на должност одлучил да му го прекине притворот на Драган Бјелогрлиќ, под услов да продолжи кривичната постапка против осомничениот.

Владимир Станојевиќ, заменикот на јавниот обвинител во Ниш, ги откри деталите за постапката.

– Денеска, во просториите на Основното јавно обвинителство во Ниш, Драган Бјелогрлиќ беше сослушан како осомничен за околностите на извршувањето на делото насилно однесување. Во негова одбрана, осомничениот целосно призна дека го извршил делото и изрази жалење за тој настан.

Имајќи ја предвид оваа одбрана на осомничениот, имајќи ги предвид собраните докази, обвинителот на должност одлучи да му го прекине притворот на Драган Бјелогрлиќ, под услов да продолжи кривичната постапка против осомничениот, собирајќи нови докази неопходни за гонење на осомничениот за делото – рече Станојевиќ.

Бјелогрлиќ пристигнал видно расположен и на новинарите им рекол дека се чувствува добро. Тој е осомничен дека извршил кривично дело „насилничко однесување“.

Според Кривичниот законик на Србија, за ова дело се пропишани два вида казни. Првото се однесува за сторено полесно дело и за него е предвидена казна затвор до три години, додека ако судот процени дека дошло до сериозно понижување на оштетениот, кој притоа се здобил и со телесни повреди, максималната казна е од шест месеци до пет години затвор.

Инцидентот во кој Белогрлиќ го нападна Антонијевиќ се случи вчера во нишкиот хотел „Амбасадор“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This