дома Балкан Б92: Целосен колапс на белградските улици, да не се излегува надвор ...

Б92: Целосен колапс на белградските улици, да не се излегува надвор На белградските улици владее целосен колапс во сообраќајот поради снегот кој наврна во текот на ноќта, а истиот не е исчистен, пишува Б92.

Репортерите на Б92 јавуваат дека дел од автобусите не можат воопшто да се движат, додека ситуацијата со мостовите на Сава е алармантна.

Центарот на градот е преоптоварен, а таква е сликата и во некои од приградските населби. Хаос во сообраќајот има и на Бранков мост, на излезот од Баново брдо.

-За тоа дека во Белград е целосен колапс сведочи и фактот дека ниту една такси компанија не одговори на повикот на редакцијата на Б92.нет, пишува порталот.