Банда крадци украле неколку стотици вакцини против вирусот „Ковид 19“, откако нападнале автомобил што превезувал вакцини во Техеран, изјави шефот на полицијата Хосеин Рахими.
Според полицискиот извештај, украдени се 300 дози вакцини, пишува АП.
Иран регистрираше 581 смрт од последиците од вирусот корона, а вкупниот број смртни случаи од почетокот на пандемијата е околу 31.000.