Неодолива комбинација од банана и кокос.
СОСТОЈКИ:
4 банани, 500 гр маскарпоне сирење, 1 прстофат сол, 80 гр шеќер во прав, 3 јајца, 1 пакување ванилин шеќер, 2 пакувања пишкоти, 1/4 л кокосово млеко, 1/4 л кокосов ликер.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете јајца, шеќер, сол и ванилин шеќер да добиете пенаста смеса. Додајте маскарпоне сирење, лажица по лажица.
Измешајте млеко и ликер од кокос, и во таа мешавина добро натопете ги пишкотите.
Наредете на лим или во чаши за десерт пишкоти, крем и исечкани банани. Завршниот слој треба да биде крем.
Оставвете во фрижидер да преноќи. Посипете го десертот со какао во прав.
Уживајте!