дома Македонија Бapди: Aлбaнец cyм, но co гopдост игpaм за Maкедонија

Бapди: Aлбaнец cyм, но co гopдост игpaм за Maкедонија

Фудбалската ѕвезда Енис Барди кој игра во шпанскиот клуб Левант во интервју за телевизијата „Суперспорт“ зборува за македонската репрезентација и односите неа пред историскиот дуел со Грузија за пласман на ЕВРО 2021.

„Јас сум Албанец и никој не ми го негира тоа, но со гордост играм за Македонија. Тоа е професионалниот пат што сум го избрал и по кој одам, во ниту еден момент не сум помислил дека сум направил грешка со одлуката да настапувам за македонската репрезентација. Никогаш сме немале никакви проблеми на оваа тема во националниот тим, сите сме тука со иста цел, даваме се од себе за репрезентацијата и тоа ни носи резултат. Сега сме на еден чекор до сонот, да го добиеме мечот со Грузија и да го сториме она што никој претходно го нема сторено во македонскиот фудбал“, вели Барди за „Суперспорт“.

Барди во интервјуто открива дека добил критики што играл за Македонија во дуелот против Косово кој го доби нашата репрезентација по што остана уште една пречка за ЕП, пренесува екипа.мк

„Да бидам искрен, имав чудни емоции пред мечот со Косово, но јас сум професионалец и секогаш го давам максимумот за екипата и репрезентацијата за која настапувам. По мечот добив честитки, но имаше и луѓе кои ме критикуваа, што искрено ми е неразбирливо. Бев пресреќен по големата победа на Македонија, исто така ми беше и малку жал за противникот. Можам да кажам дека Косово има исклучително талентирана репрезентација со која и во иднина пак ќе атакува на пласман на големите натпреварувања. Нас не делат уште 90 минути до тој успех и ќе дадеме се од себе за да ни се исполни големиот сон“, вели Енис Барди за репрезентацијата во која како во ретко кој друг тим единството е на високо ниво без конфликти меѓу големите ѕвезди.