дома Европа Бeзбедност на највисоко ниво: Okлопни возила ќе ги чуваат Бајден и Путин...

Бeзбедност на највисоко ниво: Okлопни возила ќе ги чуваат Бајден и Путин на самитот во Женева

Полицијата на кантонот Женева ќе достави воена опрема за време на самитот на руските и американските лидери Владимир Путин и Џозеф Бајден, објави изданието „НЗЗ ам Зонтаг“, повикувајќи се на извори од полицијата.

Имено, швајцарската армија ќе и „изнајми“ оклопни возила на полицијата и ова не е прв пат да се случи.

Како што објаснува весникот, станува збор за „мноштвото“ оклопни возила што армијата ќе и ги даде на полицијата за време на самитот, по цена од 95 франци дневно по возило, а вкупната сума ќе ја вклучува цената од 10 франци по изминат километар.

Засега сè уште нема потврда дали армијата ќе биде присутна за да се осигури безбедноста на претстојниот собир, како што беше случајот во 2014 година за време на конференцијата за Сирија.

Да потсетиме, самитот на Путин и Бајден беше најавен за 16 јуни во енева.