Бeз вoзaчкa дoзвoлa и нa 16-гoдишнa вoзpacт: Co БМВ гo пpeгaзил пoзнaтиoт скопски хиpypг и caкaл дa избeгa – oвa ce дeтaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа во 20 часот и 30 минути, познатиот хирург доктор Ѓорѓи Јота бил прегазен на крстосницата од булевар Мајка Тереза и улицата Елисие Поповски Марко и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, дознава Слободен печат.

Патничкото моторно возило БМВ Х6 било управувано од шеснаесетгодишник кој без дозвола го управувал патничкото моторно возило.

Според нашите информации возилото било со скопски регистерски таблички. Министерството за внатрешни работи го потврдува настанот. Неофицијално секој ден во Скопје полицијата пронаоѓа барем по 20 лица што без возачки дозволи возат низ градот.

Хирургот доктор Ѓорѓи Јота е на возраст од 58 години.

Неофицијално шеснаесетгодишникот сакал да избега, но полицијата го фатила во близина на трговскиот центар Рамстор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This