дома Политика БECA против предлогот на 3aeв за широка Влада со опo3ицијата

БECA против предлогот на 3aeв за широка Влада со опo3ицијата

Пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи, ја коментираше можноста за широка влада најавена од премиерот Зоран Заев кој во саботата најави дека е подготвен на дијалог со опозицијата за влегување во Владата.
Реџепи рече дека не гледа причина за таква Влада, но начелно БЕСА се против тој предлог.

„Не гледаме причина за широка влада за која пред два дена зборуваше Заев. Таква влада треба само кога има криза. Засега мнозинството е стабилно“, рече Реџепи.

Меѓутоа како партија и натаму немаат официјален став. Реџепи рече дека ако дојде до формирање на таква влада, ќе се одлучува во партијата.