Осумдесет и осумгодишен маж по потекло од Србија ја убил ќерка си (60), па извршил самоубиство во Падова, Италија, пишува порталот Агенпрес.
Таткото ѝ дошол на роденден на ќерка си и ја застрелал пред куќата, а потоа си го одзел животот. Двајцата се родени во Србија, а мотивот на трагедијата не е познат, наведува порталот, а пренесуваат српските медиуми.
Според истиот извор, таткото, кој се викал Стевио, живеел во Монфалконе, а ќерката Доријана во Падова.
Таткото пристигнал прв на роденденот, а подоцна, кога пристигнале други роднини, ги нашле безживотните тела на патеката пред куќата.