дома Македонија Бoлницитe пpeполни со Koвид пaциeнти: Се бараат нови бoлничkи kaпацитети за прием...

Бoлницитe пpeполни со Koвид пaциeнти: Се бараат нови бoлничkи kaпацитети за прием на зapaзени

Се повеќе полнат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава поради драстичното зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19.

Откако во последниот извештај на Министерството за здравство се регистрирани 404 новозаболени од Ковид -19, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26.394, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067. Во истиот извештај се забележани и 14 починати пациенти, со што вкупниот број на починати се искачи на 897.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека капацитетите во другите градови се преполнуваат со ковид-пациенти.

Поради исполнетите капацитети за сместување на ковид-пациенти во целосна координација сме за префрлање на пациенти од штипската болница во Кочани, а во Струмица, разговаравме за тоа како да се надополни кадарот, пред се, од колегите од интерна медицина и инфективното одеделение. Разговаравме и како постепено да се подготви и новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород и за неколку денови може да биде ставено во функција. Притисокот е навистина голем и искрено се надевам мерките кои ги препорачавме ќе придонесат да се намали трансмисијата на вирусот – изјави Филипче за време на посетата на Струмица.

Тој информира дека и болниците во Скопје се преполни со ковид-пациенти, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје.

Се прават подотовки за болницата во Козле и дополнитени капацитети во болницата „Осми Септември“ – изјави Филипче.

Според последните информации на Министерството за здравство на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и осум позитивни мајки, две мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19.