Бoлницитe ќe ocтaнaт бeз пoтpeбнитe cpeдcтвa: Oхpидcкaтa oпштa 6oлницa е бeз кoмпjyтepcки тoмoгpaф веќе една недела пopaди иcтpoшeнocт нa рeнтгeн-цeвкaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Охридската општа болница веќе една седмица нема компјутерски томограф, кој е надвор од употреба поради истрошеност на рентген-цевката.

Од управата на здравствената установа појаснуваат дека се работи за дотраеност на апаратот, односно дека ситуацијата е последица на енормниот број направени снимања.

Директорот на болницата, Горан Балевски вели дека месечно во установата се правени и по 600 снимања, што довело до предвремено трошење на цевката што е ресурс со ограничен капацитет.

– Покрај пациенти од Охрид еден период тука доаѓаа и пациенти од целиот регион, дури и од Битола, бидејќи едно време го покривавме и тој регион поради дефект на тамошниот томограф, а истовремено вон употреба беше и томографот во болницата „Св. Еразмо“. За десет месеци направени се 17 илјади снимања што требаше да се направат во период од две години. Едноставно предвреме се потроши рендген цевката, вели Балевски.

Станува збор за релативно скап дел чија вредност е некаде над 100 илјади евра. За проблемот е известено ресорното Министерство за здравство, со очекување дека наскоро ќе се најде решение, дали преку сервис на постојниот или набавка на нов апарат.

Додека не биде изнајдено решение за проблемот, пациентите од Охрид кои имаат потреба од тој вид снимање се упатуваат во болницата во Струга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This