дома КОВИД-19 (Коронавирус) Бoлницaтa вo Охрид пpeпoлнa co млaди пaциeнти зa6oлeни oд бpитaнcкиoт coj

Бoлницaтa вo Охрид пpeпoлнa co млaди пaциeнти зa6oлeни oд бpитaнcкиoт coj

Охрид останува високо на листата градови со нови случаи на Ковид 19. Според информациите од Министерството за здравство само во изминатите 10 дена регистрирани се 248 новозаболени лица. Растат бројките и на хоспитализирани. 90 пациенти од кои 50 на кислородна поддршка моментално се лекуваат во охридската болница. Претежно се млади лица.

Британскиот сој на вирусот коси во Охрид. Дневно во болницата се трошат и по 60 боци на кислород, додава Балевски. Полна е модуларната болница, интерното одделение и геријатрија, ќе се преадаптираат и други оддели, а моментално слободни се уште 10 кревети.

Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 3.655 случаи на лица заболени од COVID-19, од кои во моментов активни се 488.