Снимките на кои можеше да се слушнат говорите на делегатите кои ја критикуваа работата на СДСМ откако утрово беа објавени, сега веќе не може да се најдат на социјалните мрежи.
И покрај јавната заложба на Зоран Заев вчера дека ќе се почитува и охрабрува различното мислење, сепак, снимките се избришани.
Дали за тоа имало притисоци од раководството на СДСМ не може да се потврди, но јасно е дека некој имал за цел, дел од затворената сесија на конгресот на СДСМ да се појави во јавност.
Поминаа шест години од 9-ти февруари 2015 година, кога македонската јавност ги слушна првите аудио-снимки од „Вистината за Македонија“ незаконски прислушувани на новинари, судии, обвинители, бизнисмени, пратеници, министри, академици, верски лица, невладини организации, министри и премиер, но сега очигледно на Зоран Заев му пречи вистината за состојбата во владеачката СДСМ.