дома Европа БOMБA ПРЕД СЕДИШТЕТО НА АФД ВО САКСОНИЈА: Пред регионалните избори се повисок...

БOMБA ПРЕД СЕДИШТЕТО НА АФД ВО САКСОНИЈА: Пред регионалните избори се повисок рејтингот на опозициската АФД

– Експлозијата во источниот германски град, пред канцеларијата на десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто ги оштети прозорите и вратите на зградата, е осудена од страна на регионалниот официјален претставник на партијата на левиот центар. Во експлозијата немаше повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Полицијата објави дека синоќа непозната супстанција експлодирала пред канцеларијата во Дебелн, во државата Саксонија, на седиштетото на партијата која влезе во Бундестагот во 2017 година. Се додава дека властите спроведуваат истрага за мотивите за експлозијата.

Мартин Дулиг, заменик-гувернерот на Саксонија, кој е од Социјалдемократската партија, денес објави дека нема оправдување за она што се случило, додавајќи дека нападот ѝ помага на Алтернатива за Германија (AfD) и ѝ наштетува на демократијата. Во Саксонија ќе се одржат регионални избори во септември оваа година.