дома Uncategorized Бpитански пpофecop пpeдупpeдува: Со обединувањето на Kocово и Албаниja загpoзена е тepитopијалната...

Бpитански пpофecop пpeдупpeдува: Со обединувањето на Kocово и Албаниja загpoзена е тepитopијалната целовитост на Maкедонија

Спопоред Џејмс Кер-Линдзи, идеите за промена на границите на Балканот ќе доведат до остри реакции и спротивставувања од меѓународната заедница.

Џејмс Кер-Линдзи, британски професор на Лондонската школа за економија и експерт за развој на Западен Балкан, смета дека идејата за национално обединување на Косово и Албанија може да предизвика верижна реакција на Балканот и тешко е да се постигне поради потребното квалификувано мнозинство за промена на Уставот.

Во интервју за Еуроњуз, Линдзи рече дека идејата за обединување на Косово и Албанија е многу популарна, но дека последните анкети на јавното мислење покажуваат одреден пад на поддршката на граѓаните. Британскиот професор додава дека поборниците на идејата мора да прецизираат дали тоа ќе биде федерација или конфедерација меѓу Косово и Албанија.

Според него, главниот проблем е промената на членот на Уставот, со кој се забранува обединување на Косово со други држави, за што е потребно двотретинско мнозинство.

Најголемата опасност од таквата идеја се верижните реакции и барањата на Албанците во Македонија, како и на Србите во регионот, додаде тој.

Според Линдзи, идеите за промена на границите на Балканот ќе доведат до остри реакции и спротивставувања од меѓународната заедница.