дома Европа БPИТАНЦИТЕ ДА ДАДАТ ПРИЧИНА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА БPEГЗИТ: “Франција сака оправдано и...

БPИТАНЦИТЕ ДА ДАДАТ ПРИЧИНА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА БPEГЗИТ: “Франција сака оправдано и сразмерно продолжување на poкот”

„Франција сака оправдано и сразмерно продолжување на рокот. Меѓутоа, засега немаме ништо слично. Мора да им покажеме на Британците дека нивна задача е да ја разјаснат ситуацијата и дека одложувањето не е загарантирано“, кажа изворот за Ројтерс.

 

 

Изворот одби да прецизира на колку ќе се согласи Макрон да се продолжи рокот доколку Британија пружи политичко оправдување – кое Франција претходно го опиша како одржување избори или референдум.

 

Макрон смета дека временскиот притисок е важен за да се обезбеди да заврши процесот на ратификација во британскиот парламент.

„Притисокот мора да се одржува“, додаде изворот за британската агенција.