Австриски Вакер објави дека има нов директор на младинската школа. Станува збор за Ренато Глигороски, човек кој има долгогодишно искуство со работа на таленти во Австрија.
Тој во минатото работеше во младинските школи на Сент Полтен, Австрија Виена и Матерсбург, а сега ќе биде дел од Вакер Инсбрук.
Глигоровски поседува про-лиценца, а исто така е главен организатор на камповите за деца под „капата“ на австриската фудбалска федерација. Исто така е помошник тренер на селекцијата на Австрија до 17 години.
„Дојдов во клуб со традиција, кој има во план да изгради сопствен тренинг центар за млади, и јас сакам да работам на тие проекти. Гледам голем потенцијал во клубот и ќе направам се за подобрување на школата и изградба на центар за долг рок“, рече Глигороски.