дома КОВИД-19 (Коронавирус) Бpojoт нa вakциниpaни вpaбoтeни вo cкoпcкитe гpaдинки пopacнa нa 65 пpoцeнти

Бpojoт нa вakциниpaни вpaбoтeни вo cкoпcкитe гpaдинки пopacнa нa 65 пpoцeнти

Упатувам апел до вработените во градинките кои што досега не успеале од различни причини да се имунизираат, да пристапат кон процесот на вакцинација, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје.

Нивната одговорност е особено значајна, бидејќи тие пред сè со личната заштита се грижат за сопственото здравје, а со тоа придонесуваат за зачувување на јавното, општото здравје. Со доследното почитување на препораките на здравствените власти во градинките придонсесуваме и за здравјето на децата. ​

Министерката Шахпаска на средбата со директорите посочи дека вработените во градинките треба доследно да го спроведуваат Протоколот за работа во услови на Ковид–19, бидејќи само така може да го заштитиме здравјето на нашите најмили и здравјето на вработените во градинките.

Бројот на вакцинирани вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 проценти.