дома Балкан Бpyтална пpoвокациjа на Бакир Изетбеговиќ: Во БиХ ништо не е српско освен...

Бpyтална пpoвокациjа на Бакир Изетбеговиќ: Во БиХ ништо не е српско освен името Република Српска

Бакир Изетбеговиќ, претседател на партијата Демократска акција, на одбележувањето на „Денот на државноста на БиХ“, кој се одбележува само во Федерацијата БиХ, изјави дека секоја педа од државата е заедничка и ништо во неа не е српско освен името Република Српска.

Неговата изјава беше коментар на вчерашното обраќање на членот на државното претседателство, Милорад Додиќ, кој рече дека „Босанците мора да знаат дека БиХ не е нивна, додека Република Српска е исклучиво наша“

Изетбеговиќ нагласи дека ако Додиќ продолжи со вакви изјави прашање е дали и името Република Српска ќе остане.

Според него, БиХ се наоѓа на вистинската патека, со одблokирање на патот кон НАТО, со воведување нови реформи, но и со формирање на нова структра на власта, и ќе постои уште илјадници години, како што постоела и во минатото.