дома Хороскоп Вагите имaaт пpoблeми со финaнcиитe, Близнаците не се зaдoвoлни co тoa штo...

Вагите имaaт пpoблeми со финaнcиитe, Близнаците не се зaдoвoлни co тoa штo paбoтaта се oдвивa бaвнo

ОВЕН

Работа: Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Се детално сте испланирале и промена на планот не ви оди во корист.

Љубов: Емотивно сте незадоволни. Чувствувате дека дошло до емотивно оддалечување и заладување на односите.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.

БИК

Работа: Пристапот кон работата ви е максимално детален и аналитичен. Очекувате соодветна надомест за својот труд.

Љубов: Емотивно сте неисполнети. Имате впечаток дека има премногу недоразбирања во односот.

Здравје: Проблеми со хормоните.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Не сте задоволни со тоа што работата бавно се одвива и што нема пари.

Љубов: Ве чека емотивно изненадување. Личност од минатото се враќа во вашиот живот и вие ја прифаќате.

Здравје: Главоболка е можна.

РАК

Работа: Задоволни сте од соработката со колегите. Ви се допаѓа тоа што се препорачуваат идеи кои вам не ви паднале на памет.

Љубов: Емотивно сте задоволни. Вниманието и љубовта на саканата личност многу ви значат.

Здравје: Задоволувачко здравје.

ЛАВ

Работа: На почеток сте на нов проект. Ви годи можност на нов предизвик. Имате впечаток дека тоа е шанса да се докажете.

Љубов: Запознавате нова личнсот која остава одличен впечаток.

Здравје: Задоволувачко здравје.

ДЕВИЦА

Работа: Премногу брзатe да одработите што повеќе работи и во што пократок временски период. Таквиот однос ќе доведе до грешни одлуки.

Љубов: Презадоволни сте на односот со партнерот. Тој во целост ве разбира.

Здравје: Одлично здравје.

ВАГА

Работа: Присутни се проблеми со финансиите. Приливот на пари е успорен и отежнат.

Љубов: Со партнерот не наоѓате заеднички јазик. И покрај јасните аргументи, партнерот се држи строго до своите ставови.

Здравје: Проблеми со штитната жлезда.

ШКОРПИЈА

Работа: Неповолна работна ситуација внесува немир и несложување во односот со соработниците. Никој не е подготвен да прифати одговорност за неуспехот.

Љубов: Максимално уживате во тајна врска.

Здравје: Пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Добивате интересна работна понуда. Ви годи сознанието дека конкуренцијата го цени вашиот труд.

Љубов: Имате потреба да бидете сами. Саканата личност не е воодуешеван, но мора да ја прифати вашата одлука.

Здравје: Многу сте уморни.

ЈАРЕЦ

Работа: Сметате дека дошло време да го промените системот на работа. Меѓутоа не сте и натаму подготвени тоа да го примените во пракса.

Љубов: Не сте задоволни од бракот. Саканата личност е во фаза кога се и пречи, а вам ви пречи неговата негативна енергија.

Здравје: Солидно здравје.

ВОДОЛИЈА

Работа: Имате желба да одработите што повеќе обврски. Во тоа брзање правите пропусти.

Љубов: Не сте задоволни од ова поле. Партнерот го кажува истото. Ви недостасува стимулативен разговор.

Здравје: Чувствувате умор.

РИБИ

Работа: Фокусирани сте на решавање на работните проблеми и тоа добро ви оди.

Љубов: Не сте задоволни од емотивното поле. Партнерот не ве разбира на вистинскиот начин и прави проблем таму каде што го нема.

Здравје: Пад на расположението.