дома Временска Прогноза Вадете капути, бунди, јакни, ракавици и со Вас чадори

Вадете капути, бунди, јакни, ракавици и со Вас чадори

Од петок ќе имаме намалување на температурите и дожд.  Промена на времето се очекува од петок попладне, која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и со опаѓање на дневната температура. 

Утре претпладне во јужните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје, времето ќе биде значително облачно, претпладне со магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 8 степени. Во наредите денови продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по котлините.