дома Локално ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Без вода утре дел од Општина Ѓорче Петров

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Без вода утре дел од Општина Ѓорче Петров

Поради реконструкција на водоводна цевка од фи 150 мм на ул. Кузман Шапкарев, утре без водоснабдување ќе бидат потрошувачите од истата улица како и улиците Беас Куле, Гостиварска и Анастас Коцарев, сите во Општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9:00 часот изутрина до заваршување на работите.