дома Македонија Важно: Возете внимателно и задолжително со зимска опрема – завеани повеќе патни...

Важно: Возете внимателно и задолжително со зимска опрема – завеани повеќе патни правци

A California State Parks officer said that Highway 89 would normally be closed under these conditions. | Photo Brian Holcombe

Од 18:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на Плетвар и ГП Деве Баир.

Од 16:46 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан. За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

Задолжителна зимска опрема: Од 15.10ч на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за тешките моторни возила. На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

Сегашна состојба: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од страна на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна и појава на голомразица.

За останатите видови на возила, како што соопштуваат од Македонија пат, се препорачува задолжително носење зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат