дома Занимливости Вакво чудо на природата се’ уште не сте виделе: “Трикатен” водопад во...

Вакво чудо на природата се’ уште не сте виделе: “Трикатен” водопад во Бејрут

До сега сигурно сте виделе многу водопади, дали во живо дали на фотографија… но овој сигурно ќе ве воодушеви.

Батара Горџ е познат како “бездна со три мостови” и се наоѓа во Либан. Водата го пронашла својот пат, полека поминувајќи низ слоевите варовник па сега овој предел зрачи со неверојатна убавина.

Млазот вода што паѓа од 100 метри височина, поминува низ три одделни дупки и исчезнува во мрачната бездна. Водопадот во 1952-та година го открил францускиот спелеолог Анри Куафе.