дома Магазин ВАЛКАНИОТ ВЕШ НА ПРИНЦОТ ЧАРЛС: Татко му му наредил да се ожени...

ВАЛКАНИОТ ВЕШ НА ПРИНЦОТ ЧАРЛС: Татко му му наредил да се ожени за Дајана!

Од кога Сали Бедел Смит ја напишала кралската биографија, јавноста не престануваат да ја изненадуваат и интригираат новите детали за животот на принцот Чарлс.

Додека сите со нетрпение ја чекаат следната книга за принцот од Велс, тој и не е толку среќен.

Имено, овие денови една од главните теми на британските медиуми е откритието дека принцот Чарлс бил вџасен од идејата за брак и дека не бил сигурен дека Дајана е жена на неговиот живот.

Се шушкало дека Чарлс има тежок однос со татко му, принцот Филип и дека тој, всушност, го натерал син му, по страсната ноќ во воз што ја имал со Дајана, неа и да се ожени за неа.

Чарлс немал избор по писмото на својот татко во кое тој му објаснил дека идниот крал не си игра со жени бидејќи тоа е лошо за имиџот и да се скраси за да не мора да се соочи со последиците бидејќи на Дијана ѝ ја одзел невиноста. Приказната за писмото ја потврдила и внуката на Филип,  Памела Хикс. Оттогаш Чарлс за сѐ го обвинува својот татко.