дома Македонија Ванковска ги открива “шемите” на Царовска на Филозофскиот факултет

Ванковска ги открива “шемите” на Царовска на Филозофскиот факултет

Професорката Билјана Ванковска жали што нејзините колегите од Институтот за историја на Филозофскиот факултет мораа да реагираат сами за новиот концепт на образованието во кој историјата се меша со општествени науки.

“Бидејќи ова е прашање од такво значење што Филозофскиот факултет беше еден од најповиканите да реагира на реформата на основното образование.

Но, кога ќе чуете дека половина факултет работел во тимот на Царовска, а другиот не бил ни прашан (зошто првиве биле ангажирани индивидуално, а не преку факултетот) доаѓаме до жална сцена на „Крамер против Крамер“.

Наместо МОН да се обрати до Филозофскиот факултет (зошто таму се институтите за социологија, историја, педагогија, итн.) и да се отвори академска и стручна дебата за потребите на државата, Мила си ги вика другарчињата кои се малку професори малку НВО активисти и другите никој не ги ни прашува.

Така, државата не само што не соработува со универзитетот/науката туку и ја дели однатре на „наши“ и „ваши“, пишува професорката Ванковска за состојбата и процесот на реформа на образованието кој го води министерката Мила Царовска.