дома Македонија Ванковска: Многу е тажно кога не смееш да се појавиш пред сто...

Ванковска: Многу е тажно кога не смееш да се појавиш пред сто илјади народ кој дошол без сендвичи

Билјана Ванковска го коментира неприсуството на функционери на синоќешната прослава: ,,Точно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ знаеше и тоа како да ги (зло)употреби спортските победи.

Впрочем, тоа го правеа и Тито, а и Мендела, и многу други политичари и државници. Доволно е да ги видите на трибините на стадионите – можете да ги презирате или да ги читате како отворена книга, ама тоа е…

Но, мора да е многу тажно и страшно кога не смееш да се појавиш пред преку 100 илјади граѓани, кои без огранизиран превоз и сендвичи, доброволно излегле да го слават својот спортски херој.

Во него гледаат утеха во траумата и олицетворение на национална гордост (која власта се обидува да ја елиминира и прикаже како недолична и лоша работа). Отсуството на видни претставници на власта на синоќешниот настан, и тоталното игнорирање од јавноста на Столтенберг и компанија, зборува доволно за тоа „колку е часот“.

Шарената револуција им пропадна, а не успеваат да најдат ниту една друга основа за легитимација и поддршка. Им останува само, по онаа брехтовата, да си изберат друг народ.”