дома Политика ВАРВАРИ, НЕ ГО ЧЕПКАЈТЕ МОЕТО ЗНАМЕ: Зијадин Села ги нарече „примитвни“ и...

ВАРВАРИ, НЕ ГО ЧЕПКАЈТЕ МОЕТО ЗНАМЕ: Зијадин Села ги нарече „примитвни“ и „варвари“ луѓето кои го запалија албанското знаме

„Силно го осудуваме палењето на албанското национално знаме во центарот на Скопје од страна на македонски демонстранти во знак на протест поради прашањето за името со Македонија со Грција“ – изјавил лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, откако група на провокатори за кои организаторите се сомневаат дека се намерно уфрлени, го запалија Албанското знаме на протестите на 27. февруари

“Овој скандалозен и варварски чин го покажува примитивизмот на некои Македонци кои секогаш се обидуваат да ги излечат своите политички фрустрации со горење на албанското знаме и навредување на невини Албанци.“ – додава Села, пренесува порталот на албански јазик „Илирија Њуз“.

Села го повика МВР и заменик-министерот од редовите на ДУИ Агим Нухиу побрзо да го пронајдат сторителот на овој вандалски чин.

Претходно, Македонското знаме во неколку наврати беше запалено на фудбалски натпревари како во земјава така и во соседството, од страна на навивачките групи, но за ваквиот варваризам и примитивизам немаше реакција ниту од официјалнтие државни институции, а ниту од политичките партии во Македонија.