дома Спорт ВАРДАРОВАТА ИKOНА ДЕНЕС СЛАВИ РОДЕНДЕН: Стојанче Стоилов денес ќе наполни 32 години!

ВАРДАРОВАТА ИKOНА ДЕНЕС СЛАВИ РОДЕНДЕН: Стојанче Стоилов денес ќе наполни 32 години!

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов денеска прославува роденден. Ракометарот кој важи за најголемиот бopец во редовите на „црвено-црните“ денеска ќе наполни 32 години. За каков ракометар се работи и не треба посебно да се зборува и она што тој го постигна во последните години го имаат малкумина. Тој е и првиот ракометар од Македонија кој како капитен го има подигнато пехарот од Лигата на шампионите.

Роденден слави и Бојана Јованоска од Струга. Ракометарката на Стружанка денеска ќе го прослави својот 27. роденден.

На списокот на славеници е и Марко Ласица. Црногорецот кој го носи дресот на Бешикташ полни 31 година.

Среќен роденден Стојанче, Бојана и Марко!