дома Политика Василевска: Ова не е попис, ова е политички договор меѓу Заев и...

Василевска: Ова не е попис, ова е политички договор меѓу Заев и Ахмети

Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека за една недела добиле подршка од над 100 000 граѓани кои застанел зад нивниот предлог за поништување на законското решение за спроведување на пописот.

„Ова не е попис на резидентно население, ова не е реално статистички попис кој треба да ни донесе проекција за следните 10 години, ова е политички договор меѓу Заев и Ахмети, кој треба да донесе одреден бенефит меѓу коалиционите партнери.“ – рече Василевска.

Василевска рече дека тие како партија и заштитници на македонскиот народ, сметаат дека ни одалеку нема да се дојде приближно до попишување по вистински стандарди.