дома Актуелно ВАШИНГТОН И МОСКВА ГИ ВЛОШИЈА ОДНОСИТЕ ПОРАДИ ЈУГОСЛАВИЈА: Кога Западот ги влоши...

ВАШИНГТОН И МОСКВА ГИ ВЛОШИЈА ОДНОСИТЕ ПОРАДИ ЈУГОСЛАВИЈА: Кога Западот ги влоши односите со Русија, јас не бев на власт!

Влошувањето на односите меѓу Москва и Вашингтон не е предизвикано од конфликтот во Сирија, туку сето тоа почна уште со распадот на Југославија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

На прашањето дали односите меѓу Русија и САД се влошиле поради Сирија, Путин на конференцијата за новинарите на последниот ден од БРИКС-самитот во Индија рече: „Грешите, сетете се што се случи во Југославија – од таму почна сè.“

„Јас тогаш не бев ни претседател. Јас ли го свртев авионот над Атлантикот? Тоа беше Евгениј Примаков“, изјави рускиот лидер, пренесува Танјуг.

„Патем, Борис Јелцин беше посебен. Кога тој зазеде прилично цврст став во врска со прашањето на Југославија, веднаш сите почнаа да се присетуваат дека тој сакаше да се напие. Така почна дискредитацијата. Ете, од тогаш почна сè“, рече Путин.

Рускиот претседател изјави дека Русија не бара конфронтација со САД и не се обидува да влијае на претстојните претседателски избори во САД.

Путин на последниот ден од дводневниот самит на лидерите на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), во индиската држава Гоа, рече дека ќе работи со секој американски претседател што е спремен да работи со Русија, пренесе Ројтерс.

Агенцијата наведува дека рускиот претседател рекол оти се надева дека САД и нивните сојузници да сторат сè што можат за да се избегнат цивилни жртви во бомбардирањето на ирачкиот град Мосул, кој го контролира Исламска држава.