дома Социјални Мрежи ВЕВЧАНИ ВОВЕДЕ НОВА ВАЛУТА: Апоени по еден грдник со ликот на Крсто...

ВЕВЧАНИ ВОВЕДЕ НОВА ВАЛУТА: Апоени по еден грдник со ликот на Крсто Мукоски

Банката на Република Вевчани деновиве во оптек пушти нова банкнота со вредност од еден грдник, пренесе „Република.мк“

Таа, заедно со пасошот на Република Вевчани, како и со личниците може да се користи во платниот промет за враќање долгови, за тендерски и други исплати…

Тоа е новоста од Република Вевчани, а веќе е познато дека тие се познати домаќини и шегобијци. Новата валута беше промовирана на социјалните мрежи.

Оваа „држава“ има своја валута, пасош, традиција, обичаи, тврдат дека имаат и свое годишно време, а во тоа богатство го имаат и пратеникот Крсто Мукоски, кој (ќе) ги претставува во парламентот на Република Северна Македонија.