April 24, 2024, 12:11 am

Велес по 20 години доби кино – градоначалникот Коцевски изрази задоволство и посака среќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со проекцијата на новиот македонски игран филм „Стела“, вечерва се отвори кино во Велес. Киното е инвестиција на Општина Велес од 67.000 евра и се наоѓа во просториите на поранешната сала „Бели мугри“, која работеше во рамките на Градската библиотека „Гоце Делчев“.

Салата која инаку има капацитет за 240 гледачи, согласно протоколите за работа на кината, ќе може да прими 80 гледачи. Филмот се прикажа во два термина, од 17 и 19:30 часот, во чест на претстојниот празник 11 Октомври. По втората проекција, получасовен настап имаше групата „Љубојна“ со музиката од филмот.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцески на својот Фејсбук профил изрази задоволство од како што вели „прекрасната и незаборавна вечер“.

„Прекрасна и незаборавна вечер. Велес по околу 20 години доби кино со најсовремена опрема во земјата. Свечено го отворивме со одличниот филм Стела, во чие создавање учествуваа и двајца велешани. Љубојна со нивната музика го надополнија прекрасниот впечаток.
Нека е со среќа“, напиша првиот човек на Велес.

Инаку, последната претстава во старото кино „11 Октомври“ беше во март 2005. Од април 2013, по добивањето на дигитален кинопроектор, филмови, пред сѐ, македонски, се прикажуваа во Велешкиот театар. Откако во 2018 проекторот се расипа, во Велес престанаа да се прикажуваат филмови, освен неколкуте проекции летоска преку киното со автомобили.

Проектот беше приоритет во работата на градоначалникот и општината од областа на културата во 2020 година и еден од најзначајните во изминатите децении, кој Велес ќе го вброи во водечките културни центри во државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This