дома Хроника Велешанец излетал на железничка пруга, завршил со тешки повpeди

Велешанец излетал на железничка пруга, завршил со тешки повpeди

Жител на Велес е тешко повреден кога неговиот автомобил излетал на железничка пруга.

Вчера, околу 8.20 часот, на улицата Димко Најдов во Велес, се случила сообраќајна незгода, во која возило „Даеву матиз“, со велешки регистарски ознаки, управувано од З. Т. (46) од Велес, излетало од коловозот на железничката пруга.

Во незгодата З. Т. добил тешка телесна повреда и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош – информираат од МВР.

Од полицијата соопштија дека е извршен увид на местото на несреќата.