дома Хроника Велешанец пpивeдeн зa нeнoceњe мacкa, пoчинaл вo пoлициcкa cтaницa..

Велешанец пpивeдeн зa нeнoceњe мacкa, пoчинaл вo пoлициcкa cтaницa..

Шеесетгодишен велешанец вчера починал откако му се слошило во полициската станица во Велес, дознава „Република“.

Шеестет и едногодишниот З.П. во четвртокот бил приведен во ПС Велес за неносење маска и околу 14 часот од доживеаниот психички стрес му се слошило.

Откако интервенирала Брзата помош, тој починал на патот кон скопските болници, потврдуваат неофицијални полициски извори.

Од МВР засега нема официјални детали за случајот.