дома Македонија ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОВТОРНО СЕ ПОБУНИ: Не сакам да бидам декор во сопствена...

ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОВТОРНО СЕ ПОБУНИ: Не сакам да бидам декор во сопствена држава да не разбирам што се зборува!

Министерот за образование и наука, Арбр Адеми и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на вчерашната прес-конференција имаа мало недоразбирање. На министерот му беше поставено прашање на албански јазик, при што градоначалникот Коцевски реагираше дека ќе ја напушти прес-конференцијата, доколку не му биде преведено.

Градоначалникот на Велес за „Фокус“ порача дека му било преведено од министерот по неговата реакција, а како што истакна, тоа била добронамерна реакција.

Ние бевме таму за да се најде решение за три дечиња од Горно Караслари, а учат во Долно Каралсари. Тие учат настава на македонски, а е на мајчин албански јазик. Многу ми пречи фактот што новинари од албански редакции поставуваа прашања на албански јазик.

Се спомнуваше Велес, гимназијата и состојбите. Министерот дава одговори на албански јазик, а не се преведуваат ни прашањата ни одговорите.

Немаше преведувач и затоа се одлучив на таква реакција. Не сакав да бидам декор на нечија прес-конференција во мојата земја и да не разбирам за што се зборува, истакна Коцевски