дома Актуелно ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПРЕДИЗВИКАЛ СКАНДАЛ: Ги набркал коњанците од „Илинденски марш“ под отворено...

ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПРЕДИЗВИКАЛ СКАНДАЛ: Ги набркал коњанците од „Илинденски марш“ под отворено небо на невреме!

Велешкиот градончалник, кадар на СДСМ решил своите фрустрации од неговото незаконско и несмасно работење да ги лечи на тој начин што на припадниците на коњаницата од традиционалниот „Илинденски марш“ по повод Денот на Републиката им забранил да се сместат во традиционалниот камп

Имено, како што досега беше традиција, коњаницата при пристигнувањето во Велес престојуваше во паркот во камп, но оваа година градоначалникот, како што информираат членовите на коњаницата, ги избркал и ги оставил на милост и немилост на невремето.

Додаваат дека поради силниот дожд сите се мокри, а загрозено е и здравјето на коњите.

Во моментот се наоѓаат во една од халите на погонот „Порцеланка“, откако совесен граѓанин ја отворил фабриката и им дозволил да претстојуваат таму вечерва.

Се на сѐ, мизерно.