Велика Британија пoвтopнo co нaд 10 илјади нoвoзapaзeни co кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија регистрира 10.321 лице заразени со коронавирус во последните 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 4.620.968, соопшти британското Министерство за здравство.

Ова претставува најголемо зголемување од февруари, кога случаите нагло паднаа во услови на една од најуспешните кампањи за вакцинација во Европа.

Сепак, со ширењето на варијантата Делта, која првпат беше откриена во Индија, Велика Британија забележа значително зголемување на инфекциите.

Поради зголемениот број на новозаразени, Даунинг стрит одлучи да го одложи олеснувањето на рестриктивните мерки. Од истата причина голем број држави донесоа одлука  да продолжат со ограничувањата за сите оние кои пристигнуваат од Велика Британија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This