Велика Британија ќe пpифaти 20.000 бeгaлци oд Aвгaниcтaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската влада се согласи да учествува во Планот за прифаќање на бегалци од Авганистан, а властите во Лондон одлучија да прифатат најмалку 20 илјади бегалци.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател ги повика ЕУ и другите земји да го следат примерот на Британија. Во авторски напис објавен на веб -страницата на Дејли Телеграф, Пател напиша: „Нашата нова програма за прифаќање бегалци од Авганистан ќе ни овозможи да прифатиме до 20.000 луѓе кои беа принудени да ја напуштат својата татковина. Првите 5.000 ќе пристигнат следната година“, напиша таа.

Пател нагласи дека Велика Британија не може да дејствува сама и дека разговара со другите западни земји за помош на авганистанското население, откако земјата беше преземена од талибанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This