дома Македонија Велика Британија ja cтaви Македонија нa зeлeнa лиcтa дpжaви нa кoи им...

Велика Британија ja cтaви Македонија нa зeлeнa лиcтa дpжaви нa кoи им ce пpизнaвaaт cepтификaтитe зa вakцинaциja

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација.

-Граѓаните на Република Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (две дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик, соопшти МНР.

МНР потсетува дека на веб страницата на Министерството можат да се следат најдетално и најновите информации за Ковид протоколи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

Останува непроменето дека, државјаните на Република Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој, додава МНР.