дома Македонија Величковски ќе му реферира на Иванов за борбената готовност на АРМ

Величковски ќе му реферира на Иванов за борбената готовност на АРМ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе биде информиран за борбената готовност на Армијата на Република Македонија од страна на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на началникот на Генералштабот на АРМ кон претседателот. Иванов ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите на АРМ во 2017 година, согласно со функционалните области на АРМ.