дома Свет ВЕНЕЦУЕЛА ЛЕЖИ НАД 10 МИЛИОНИ БАРЕЛИ НАФТА: Каде оди оваа нафта по...

ВЕНЕЦУЕЛА ЛЕЖИ НАД 10 МИЛИОНИ БАРЕЛИ НАФТА: Каде оди оваа нафта по санкциите на САД!

САД воведоа строги санкции за нафтената индустрија во Венецуела за да извршат притисок на Николас Мадуро да поднесе оставка.

Нафтата доминира во венецуелската економија, сочинувајќи го скоро целиот приход од извозот.

Главни купувачи беа САД, потоа Индија и Кина.

Меѓутоа во текот на последните децении, производството на нафта е намалено и земјата е во длабока економска криза.

Овие мерки не го исклучуваат извозот во целост, но бараат да се плаќа многу повеќе од што е потребно.

Санкциите исто така влијаат и на пристапот на хемикалиите потребни за преработка на нафтата.

Тешката сурова нафта во Венецуела е речиси цврста кога излегува од земјата, така што не може да поминува низ цевките, потебни се хемикалии да се претвори во течност.

Венецуела мора да ги увезува а во последните неколку години ги увезува од САД.

Руската компанија „Роснефт“, наводно, помага да се пополни овој конкретен јаз.

Моментално под венецуелскиот брег се наоѓаат над 10 милиони барела нафта.

Тие првично биле наменети за САД, но тие биле заробени како резултат на санкциите.

Венецуелската влада бара нови купувачи за својата нафта и вели дека сака да ги дуплира пратките во Индија.

Сепак, иако неодамна беше зголемен извозот во Индија, тоа не е значајно, вели Самах Ахмед, аналитичар за сурова нафта во Клепер.

Извозот во Кина, исто така, не е охрабрувачки и всушност паѓа во согласност со општиот пад во вкупното производство на Венецуела

Продажбата на повеќе нафта на азиските пазари ќе ги зголеми трошоците за транспорт, бидејќи пристаништата во Венецуела не се добро опремени да ги полнат танкерите на долги растојанија.

Извозот во Индија може да биде високо намален „поради проблеми со квалитетот и со конкуренцијата со класите од Блискиот Исток“, вели Паола Родригез-Маси, аналитичар Ристад Енерџи.

Но, се разбира, постои побарувачка за тешка сурова нафта како што е во Венецуела.

Постои глобален недостаток поради санкциите за иранската нафта, додека пониските нивоа на производство во Канада, Мексико и земјите-членки на ОПЕК, исто така, имаа влијание.

Увозниците на САД ќе треба да најдат нови снабдувачи на тешки сурова нафта, кои ги користи за производство на дизел и авионско гориво.

Кризата во Венецуела ја направи тешката нафта поскапа за САД.